Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уште еднаш ја потврди својата посветеност кон граѓаните, ставајќи ги нивните потреби и интереси на прво место.
И во саботата, вратите на Град Скопје беа отворени за сите кои сакаа лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози. Овој чекор ја потенцира културата на отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење, со цел граѓаните да се чувствуваат слушнати и поддржани во развојот на својот град.

















