На празникот Богојавление – Водици, во Скопје, одбележувањето и традиционалното положување на крстот во водите на реката Вардар го водеше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, на мостот „Слобода“.
Годинава, крстот во реката Вардар го фати Дарко Митровиќ, 24-годишен младиот верник, кој со својата храброст и вера се стекна со благослов за претстојната година.
– „Нека му е благословено денешното дело“, му порача г.г. Стефан на Дарко, честитајќи му на овој значаен христијански обред.
Сцената привлече бројни верници и присутни граѓани кои со почит и восхит ја следеа традиционалната церемонија на Водици во срцето на Скопје.


















