Во близина на островот Икарија, Грција, околу 50 мигранти пристигнале со брод, но четворица од нив исчезнале. По оваа ситуација, крајбрежната служба на Грција веднаш активираше спасувачка акција, која трае од раните утрински часови.
Во потрагата се вклучени патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер и приватен брод, со цел брзо и безбедно пронаоѓање на исчезнатите лица. Акцијата продолжува и се преземаат сите можни мерки за нивно спасување.

















