17-годишно момче почина откако се обидело да ја подигне електронската цигара што му паднала на шините на станицата „Дојче опера“ во Берлин, објави ДПА.
Според полицијата, момчето било дел од група на станицата кога се наведнало да ја земе цигарата, допирајќи ги шините, по што добило струен удар и починало на самото место.
Портпаролот на берлинската полиција потсети дека шините на метрото, дури и кога возовите се привремено паркирани, остануваат под напон и претставуваат сериозен ризик за струен удар.

















