На 23.01.2026 година во 17:00 часот, во Полициската станица Струмица, Ж.Ч. (39) од Струмица пријави дека околу 14:00 часот на непозната локација помеѓу село Добрејци и Струмица изгубил машка чанта. Во чантата се наоѓале 1.280 евра во различни банкноти и 14.000 денари.
По пријавата, полициските службеници од СВР Струмица веднаш презеле мерки за пронаоѓање на чантата. Утврдено е дека истата ја пронашол и одзел Р.Р. (54) од село Добрашинци, струмичко. Чантата и паричните средства биле одземени од него и вратени на сопственикот.

















