ПРВ.мк
Скопје

ТОШЕ ЖИВЕЕ ВО ХУМАНОСТА: Денес се организира крводарителска акција во чест на Тоше Проески!

ТОШЕ ЖИВЕЕ ВО ХУМАНОСТА: Денес се организира крводарителска акција во чест на Тоше Проески!
Kristal

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје, и оваа година ќе се одржи крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески. И покрај тоа што прерано нè напушти, Тоше засекогаш ќе остане симбол на хуманост, наведуваат организаторите.

Акцијата ќе се реализира во холот на Домот на АРМ, во периодот од 09:00 до 17:00 часот, со учество на Општинската организација на Црвен крст Гази Баба и поддршка од Институтот за трансфузиона медицина.

– Оваа крводарителска акција прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број граѓани, особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше препознаваат позитивен пример, се наведува во соопштението.

До сега, преку овие акции се собрани над 6.000 единици крв, при што особено охрабрувачки е големиот број млади и првократни крводарители кои активно се вклучуваат, инспирирани од пораките што Тоше ги пренесуваше.

– Доброволното крводарителство во Република Северна Македонија има благородна цел – да се мотивираат граѓаните да даруваат крв за обезбедување на неопходните количини за навремено лекување на болните и повредените. Крводарителството негува вредности на хуманост и солидарност, особено кај младите, и придонесува за подигнување на здравствената култура и јавната свест. Крвта како лек е незаменлива, а обезбедувањето зависи исклучиво од добрата волја на крводарителите, кои даруваат доброволно, анонимно и бесплатно, додаваат од Црвен крст.

Црвениот крст на град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Гази Баба ги повикуваат сите хумани граѓани да земат учество и заедно, во духот на Тоше Проески, да покажеме дека хуманоста живее.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape