ПРВ.мк

ВИДЕО: Моќно торнадо го погоди регионот Тулчеа во Романија

ВИДЕО: Моќно торнадо го погоди регионот Тулчеа во Романија
Jumbo Banner

Во близина на романските населби Хорија и Атмагеа, во регионот Тулчеа, денес беше забележано ретко и моќно торнадо кое предизвика вознемиреност кај жителите и привлече внимание на социјалните мрежи.

Според метеоролошката платформа Метеоплус, торнадото се формирало ненадејно и било видливо од голема оддалеченост, поради својот интензитет и големина. Засега нема информации за повредени лица или значителна материјална штета, но локалните власти се на терен и ја следат состојбата.

Овој природен феномен е реткост за регионот и предизвика силна реакција кај јавноста. Стручњаците предупредуваат дека поради климатските промени, ваквите екстремни временски појави би можеле да станат почести и во региони каде досега биле речиси непознати.

Очекуваат се дополнителни извештаи од метеоролошките служби и надлежните институции.

Видеото може да го погледнете тука

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран