ПРВ.мк

Европа го поддржува предлогот на Трамп за прекин на огнот во Украина – Мерц најави санкции доколку Русија не се приклучи на мировни преговори

Европа го поддржува предлогот на Трамп за прекин на огнот во Украина – Мерц најави санкции доколку Русија не се приклучи на мировни преговори
Jumbo Banner

Европската унија го поддржува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен прекин на огнот меѓу Русија и Украина, а во случај Москва да одбие сериозни мировни преговори, и ЕУ и САД се подготвени да воведат нов пакет санкции. Ова денеска го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на својата прва официјална посета на Брисел.

Мерк ја повика Русија „конечно да тргне по патот на вистински мировни преговори“ и потенцираше дека ЕУ и САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и со зголемување на финансиската и воената помош доколку биде потребно, пренесува „Ројтерс“.

Германскиот канцелар сепак нагласи дека Берлин и натаму се противи на идејата за заедничко задолжување на ЕУ за финансирање на трошоците за одбрана.

Во меѓувреме, Доналд Трамп повторно повика на безусловен 30-дневен прекин на огнот и објави дека разговорите меѓу САД, Русија и Украина продолжуваат. Преку својата платформа Truth Social, тој порача дека Вашингтон ќе воведе нови санкции кон Москва доколку прекинот на огнот не се почитува.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран