Улицата „Коста Рацин“ во општина Брвеница доби целосно ново асфалтно руво, како дел од инфраструктурната офанзива предводена од градоначалникот Јовица Илиевски. Проектот опфати реконструкција на патната делница во должина од 845 метри, со вкупна инвестиција од 9.211.999 денари.

Покрај новиот асфалт, долж улицата е изграден и нов тротоар со бекатон плочки во должина од 800 метри, што значително го подобрува квалитетот на движење за пешаците.

„Ќе продолжиме со градежната офанзива за модернизација на инфраструктурата. Нашата цел е Брвеница да стане модерно и урбано место за живеење“, изјави Илиевски.
Општината најавува нови зафати во останатите населени места, со акцент на унапредување на патната мрежа и безбедноста на граѓаните.