ПРВ.мк

Објавена листата на 10-те најбогати актери во светот за 2025 година: Првото место ќе ве изненади

Објавена листата на 10-те најбогати актери во светот за 2025 година: Првото место ќе ве изненади
Jumbo Banner

Во Холивуд славата може да дојде брзо, но исто толку брзо и да згасне. Она што им останува на многумина, дури и откако ќе ја завршат кариерата е богатството што го изградиле со текот на годините. На најновата листа на најбогати актери за 2025 година се најдоа имињата и на актерите кои со години не се појавиле пред камерите.

Имено, на самиот врв на листата е легендарниот бодибилдер и актер – Арнолд Шварценегер. Со проценето богатство од 1,49 милијарди долари, Шварценегер е на врвот на листата на најбогати актери во 2025 година.

Иако не се појавил на големото платно од 2019 година, неговото богатство продолжи да расте благодарение на исклучително паметните инвестиции, особено во секторот за недвижности и инвестициските фондови.

Покрај тоа, неговата долгогодишна кариера во филмовите – особено во култната серија „Терминатор“ му донесе огромна заработка и меѓународна слава. Шварценегер е доказ дека успехот во Холивуд не мора да заврши со последната филмска улога, бидејќи вистинските потези надвор од индустријата можат да донесат долгорочна финансиска сигурност и статус на милијардер.

Двејн Џонсон е на второто место со 1,19 милијарди долари. Неговата заработка доаѓа не само од актерските хонорари, туку и од инвестициите, особено во брендот „Теремана Текила“, кој вреди дури 2 милијарди долари, а Џонсон поседува 30 отсто удел. Во 2024 година, тој заработи 88 милиони долари само за своите улоги во филмовите „Црвениот“ и „Моана 2“.

Акционата ѕвезда Том Круз, исто така, има 891 милион долари. Благодарение на паметните договори, Круз заработува процент од профитот на своите филмови уште од самиот почеток на кариерата, што му носи огромни суми, особено преку франшизите „Невозможна мисија“ и „Топ Ган“. За разлика од многу негови колеги кои седиверзифицирале во деловни потфати, Круз е меѓу ретките кои го стекнале поголемиот дел од своето богатство исклучиво преку глума. Круз, исто така, поседува импресивно портфолио на недвижнини, со имоти распоредени по должината на двата брега на Соединетите Американски Држави и низ цела Северна Америка.

Меѓу 10-те најбогати актери во светот, покрај горенаведените се:

Шах Рух Кан (нето вредност: 876,5 милиони долари)

Џорџ Клуни (нето вредност: 742,8 милиони долари)

Роберт де Ниро (Нето вредност: 735,35 милиони долари)

Бред Пит (нето вредност: 594,23 милиони долари)

Џек Николсон (нето вредност: 590 милиони долари)

Том Хенкс (нето вредност: 571,94 милиони долари)

Џеки Чен (нето вредност: 557,09 милиони долари)

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран