„Со среќа храбро момче, ние за тебе тука сме во секое време“ пишува во описот на фотографијата
Најубавата фотографија за денес…
На социјалните мрежи исплива една фотографија која воодушеви многумина, што може да се види и од бројот на лајкови и коментари.
Имено, на Фејсбук профилот на еден бутик беше споделена фотографија на која е младиот херој од Виница, Јован Костадинов.

И како што пишува понатаму во објавата, сопствениците на овој бутик решиле ова храбро момче да го наградат со комплетен матурски стајлинг, нешто што си го ветиле претходно, а сега и го исполниле. .
Јован ти благодариме од срце што ни го разубави денот, ти ја честитаме матурата и ти посакуваме уште поголеми успеси во твојата понатамошна едукација како и на сите други полиња од животот. Со среќа храбро момче, ние за тебе тука сме во секое време“, пишува во описот на фотографијата на која е и ова храбро, воспитано и срамежливо момче кое во несреќата во Кочани спаси дваесетина животи.

Школските другарчиња го пречекаа со аплауз
Потсетуваме, Јован Костадинов е младото момче од Виница кое стана симбол на храброста и несебичноста откако во страшниот пожар што се случи на 16. март во Кочани, кога се запали и целосно изгоре дискотеката „Пулс“, успеал да спаси најмалку 20 лица.

Принтскрин
Како што објавија тогаш неговите пријатели, Јован бил надвор за време на пожарот, но без размислување се вратил во дискотеката за да им помогне на оние што во тие кобни моменти останале внатре.
Јован го земал цревото што го нашол во гаража во близина, ја натопил својата маица, за да ја стави на лицето, и без двоумење влегол во огнот, во тој момент воопшто не размислувајќи за себе и за својот сопствен живот, туку за сите оние на кои во овие страшни моменти помошта им беше најпотребна.

Кога Јован потоа се врти во школските клупи, учениците во гимназијата Ванчо Прќе во Виница го пречека со цвеќе и аплауз.

Принтскрин
Па, големо БРАВО за нашиот херој што барем за малку ни го разубави денот на сите во ова лудо време-навреме.

Избор: glamur.mk