Додека Македонците се жалат дека во Македонија е се поскапено дел од северните соседи тагуваат што ако сакаат да купат нивни домашни српски производи по пониска цена мораат да дојдат во Македонија.
Примерот со кафето Гранд го дава српска корисничка на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.
Според неа ова кафе во пакување од 200 грама во Македонија е околу 2,3 евра а за истото пакување во Србија се плаќа 30 посто поскапо. Дел од коментаторите велат дека на некои места се плаќа и 50 проценти поскапо.
,,Велат „купи домашно“.
Добро, еве ме мене во Македонија, да го купам нашето Гранд кафе. Таму е 140 денари за 200 грама. Околу 280 динари. Колку чинеше во Србија? 400+ динари. Како, како”, прашува Снежана од Србија.
Линк до твитот
https://x.com/snezananik_a/status/1920685335601688765?t=ml-12hLOFEh-JG5cyhRETA&s=19