Мјасников е популарен руски доктор којшто го открил своето мени, а кое им го препорачува на постарите од 50 години.
Менито на доктор Мјасников за луѓе над 50 години:
1. Појадок: овесна каша со ореви и бобинки
Овесната каша содржи сложени јаглехидрати кои бавно се варат, а даваат долго чувство на ситост и не предизвикуваат нагли скокови на шеќерот во крвта. Но, главната работа е тоа што содржи и растворливи растителни влакна кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го одржуваат здравјето на цревата.

Зошто ова е важно после 50 години?
Како што старееме, нашиот метаболизам забавува, ризикот од кардиоваскуларни болести се зголемува, а овесната каша е единствен и вкусен начин да го поддржите здравјето на срцето, крвните садови и варењето на храната.
2. Ручек: Риба и зеленчук
Докторот непрекинато повторува: „Доколку сакаш да живееш долго тогаш јади риба“. И, не станува збор само за фосфорот, како што многумина мислат. Главната вредност се омега-3 масните киселини со кои особено се богати масните риби: лосос, скуша, сардина.
Зошто риба, а не месо?

По 50 години живот, прекумерното консумирање црвено месо го зголемува ризикот од канцер и срцеви заболувања, а рибата напротив:
– ги намалува воспаленијата во телото;
– ја поддржува функцијата на мозокот;
– ја подобрува состојбата на зглобовите;
– штити од атеросклероза.
3. Вечера: Свежо сирење и зелен зеленчук
Многу од луѓето се плашат да јадат свежо сирење навечер, мислејќи дека премногу е тешко за варење. Но докторот го разбива овој мит: квалитетното сирење е одлична опција за вечера.

Зошто сирење?
– Протеинот казеин дава ситост во текот на целата вечер и спречува катаболизам (разградување на мускулите).
– Калциумот и фосфорот ги јакнат коските.
– Свежото сирење не го преоптоварува системот за варење доколку се јаде умерено.
Зошто овие три оброци?
Тие ги задоволуваат основните потреби на телото после 50-та година:
– Срцето и крвните садови;
– Мозокот и нервниот систем;
– Коските и зглобовите;
– Варењето на храната.