ПРВ.мк

Историски успех на Крива Паланка – првпат ќе игра во финале

Историски успех на Крива Паланка – првпат ќе игра во финале
Jumbo Banner

Екипата на Крива Паланка оствари историски успех откако вечерва по вторпат го победи Бадел (80-55) и со 2-1 ја заврши полуфиналната серија.

Домаќинките ја оправдаа фаворитската улога и против Баскет Кам ќе се борат за шампионската титула, воедно и за првиот трофеј во историјата на клубот. Тоа е круна на одличната работа на најмладиот тренер на прв тим во македонската кошарка, 24-годишниот Виктор Петровски кој од неодамна е и асистент на селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов.

Најефикасна на денешниот натпревар беше Дијани Робинсон со 28 поени, а се истакна и Одри Мекелхејни со 19 поени и 20 скока.

Крива Паланка ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Баскет Кам во македонското кошаркарско првенство. Се игра до три победи, а предноста на домашен терен ќе ја има тимот од Македонска Каменица.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран