ПРВ.мк

„БАЛКАНСКА УБАВИЦА“ ПРОТЕРАНА ОД АМЕРИКА

„БАЛКАНСКА УБАВИЦА“ ПРОТЕРАНА ОД АМЕРИКА
Jumbo Banner

Јасмина Миџиќ, 36-годишна Хрватка со неограничен престој во Обединетото Кралство, е депортирана од Соединетите Американски Држави и ѝ е забранет влез во земјата пет години откако признала дека работела нелегално, објави „Њујорк пост“.

Имено, Миџиќ, која често објавува фотографии од луксузни дестинации во скапа облека на својот Инстаграм профил, се обиде да учествува на елитна финансиска конференција во Лос Анџелес, каде што гости беа американскиот секретар за финансии Скот Бесант, милијардерот Илон Маск и поранешната прва дама Џил Бајден.

Според американските имиграциски власти, таа работела за инвестицискиот фонд „Тајфон Капитал Менаџмент“ и компанијата „Јурис Трејд“ користејќи туристичка виза, што е нелегално.

Таа призна дека добивала месечeн хонорар од 13.000 долари почнувајќи од 2021 година за работа со клиенти и собирање капитал во САД, иако немала работна дозвола.

Таа, исто така, изјави дека била приведена 26 часа и дека била жртва на дискриминација затоа што „не сакала американско државјанство“ и затоа што е „бела Европејка која работи за инвестициски фонд“.

„Пријатели судии и обвинители“

Таа додаде дека „никогаш не би го прекршила законот бидејќи нејзините пријатели се судии и обвинители“.

Властите се посомневале во нејзините чести патувања во Соединетите Американски Држави, па затоа решиле да ја испрашаат откако слетала во Лос Анџелес.

За време на интервјуто, таа ја признала вистинската цел на нејзините посети, а наводно биле пронајдени докази што потврдуваат дека била свесна за кршењето на правилата.

Нејзиниот работодавач и основач на фондот, Џејмс Кутулас, ги негираше обвинувањата, објаснувајќи дека таа „не го прекршила законот“. Таа најави „правна борба“ доколку властите се обидат да го оцрнат нејзиното име.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран