ПРВ.мк

ФФМ ги соопшти казните: Воска и Гостивар одат во најнизок ранг

ФФМ ги соопшти казните: Воска и Гостивар одат во најнизок ранг
Jumbo Banner

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги соопшти конечните казни за Воска и Гостивар кои ја напуштија Првата фудбалска лига (ПМФЛ).

Двата клуба одат во најнизок ранг каде би почнале од сезоната 2026/27 бидејќи за наредната добија забрана за натпреварување. Двата клуба ќе треба да платат и по 50.000 евра за неодигрување на два натпревари. ФФМ ќе се обиде да ги врати парите, 150.000 евра од Воска која ги доби на 10. април преку солидарната шема за тековната сезона.

Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:

„Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ.

– ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ;

– За неодигрување на натпреварот од 30. коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра;

– ГФК Гостивар АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31. коло во Прва МФЛ;

Напомена: По правосилноста на овие одлуки, екипите на ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026.

Дополнително, ФФМ ќе ги искористи сите можни механизми да ги врати / наплати наменските средства во износ од 150,000.00 евра, паричен износ кој ФК Воска Спорт АД ги доби на 10. април 2025 година преку солидарната шема за тековната сезона 2024/25“, се вели во соопштението.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран