ПРВ.мк

Изјавата на Руте, вистинско разочарување за Украина

Изјавата на Руте, вистинско разочарување за Украина
Jumbo Banner

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави вчера дека постои согласност меѓу сојузниците дека Украина има јасна перспектива за членство во Алијансата, но тоа не значи дека нејзиното влегување во НАТО е дел од актуелните мировни преговори.

„Такво нешто никогаш не било договорено. Сојузниците ја признаваат перспективата на Украина за членство, но тоа е прашање за иднината, не за моменталните мировни разговори“, изјави Руте на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Брисел.

Тој истакна дека НАТО и Украина тесно соработуваат на полето на воената помош и обука, како и во споделување искуства стекнати од војната. Според Руте, оваа соработка ќе продолжи и понатаму.

Во однос на мировните напори, Руте се осврна на улогата на американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи задоволство што е постигнат напредок во обидите да се стави крај на конфликтот.

Од своја страна, канцеларот Мерц откри дека Трамп го информирал за планот за 30-дневно безусловно примирје во Украина. Според него, иницијативата е поддржана од водечките европски земји, а очекува и поширока поддршка од Европската Унија и НАТО.

„Постои реална шанса, по овој викенд, да се воспостави 30-дневно примирје. Топката сега е во дворот на Москва. Таму ќе се одлучи дали ќе се отвори простор за подолг прекин на огнот и сериозни преговори за траен мир“, истакна Мерц.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран