ПРВ.мк

Анчелоти си заминува, Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид

Анчелоти си заминува, Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид
Jumbo Banner

Карло Анчелоти е на излезна врата од Реал Мадрид и дефинитивно ќе го напушти клубот по завршувањето на тековната сезона 2024/25. Иако „кралевите“ сè уште се во трка за титулата во Ла Лига, без оглед на исходот – дон Карло си заминува од „Бернабеу“.

Според шпанска Марка, која важи за добро информирана кога станува збор за Реал, Анчелоти и клубот постигнале договор за разделба. Наследникот веќе е познат – Чаби Алонсо. Поранешниот играч на Реал доаѓа од Баер Леверкузен, каде што оваа сезона освои сè – Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.

Алонсо веќе дал зелено светло за тригодишен договор, кој ќе стапи на сила по завршувањето на Светското клупско првенство. Во тој период, Реал би требало да го предводи Сантијаго Солари.

Што се однесува до засилувањата – Чаби ќе работи според стратегијата на клубот, но ќе има простор и за свои предлози. Не се очекува драстична реконструкција на тимот, туку повеќе ќе се извлекува максимум од ѕвезди како Винисиус, Белингам и новопристигнатиот Мбапе.

Покрај тоа, на „Бернабеу“ се очекува да пристигне и Трент Александер-Арнолд. Алонсо, пак, бара уште две засилувања: еден централен дефанзивец и свежина во средниот ред – позиции кои клубот веќе работи да ги пополни.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран