ПРВ.мк

Аднан Азизи именуван за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Аднан Азизи именуван за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори
Jumbo Banner

Со едногласна одлука на раководната структура на политичкиот субјект ВЛЕН, пратеникот Аднан Азизи е именуван за шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори кои се очекува да се одржат во октомври годинава.

Изборот на пратеникот Азизи на оваа функција е резултат на неговото долгогодишно политичко искуство, континуиран ангажман на терен и целосната доверба која ја ужива во рамките на коалицијата ВЛЕН. Оваа одлука има за цел да ги зајакне подготовките и координацијата за локалните избори, со цел максимизирање на претставеноста и изборниот успех на субјектот.

ВЛЕН веќе ги започна интензивните подготовки за изборната кампања, со цел мобилизација на сите капацитети во функција на достоинствена и победничка кампања.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран