ПРВ.мк

Затворени бензински пумпи во Грција поради измами со гориво

Затворени бензински пумпи во Грција поради измами со гориво
Jumbo Banner

Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на две години затвори пет бензински пумпи во Атина и Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Во средината на март  грчката полиција разби две криминални групи во Солун и во Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а уапсени беа над 55 лица.

Од ААДЕ денеска соопштија дека тимови на царински ревизори во соработка со Дирекцијата за борба против организиран криминал и Дирекцијата за криминални истраги, извршиле контроли на десет бензински пумпи, кои беа вклучени во конкретниот предмет, во пет биле откриени проблеми и интервенции во софтверот за точење гориво по што добиле двегодишна забрана за работа, додека пак за останатите пет биле побарани дополнителни информации, а ревизијата е во тек.

Паралелно додадоа дека прекршителите ќе бидат казнети, а Независната управа за јавни приходи на Грција ќе продолжи со интензивни проверки.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран