ПРВ.мк

Хрватските власти запленија 85 килограми кокаин, вреден 6 милиони евра

Хрватските власти запленија 85 килограми кокаин, вреден 6 милиони евра
Jumbo Banner

Запленети 85 килограми кокаин на терминалот Брајдица во Риека

Хрватската царина и полиција запленија 85 килограми кокаин на контејнерскиот терминал Брајдица во Риека, во контејнер кој пристигнал од Еквадор преку Малта. Според проценките, вредноста на запленетата дрога изнесува околу 2,1 милиони евра, додека на улица нејзината вредност би можела да достигне дури и до 6 милиони евра.

Дрогата била откриена при редовна контрола на сомнителен контејнер, а по завршување на анализата, истата ќе биде уништена.

За акцијата и соработката меѓу царинските и полициските служби зборуваа началникот на Регионалната царинска испостава Риека, Андреј Франуловиќ, инспекторот од мобилната единица Риека, Хрвоје Матаја, и началникот на Службата за борба против нарко криминал при Полициската управа Приморје-Горски Котар, Далибор Јозиновиќ.

Франуловиќ изјави дека кокаинот бил натоварен на брод уште во март, во еквадорско пристаниште, а конечната дестинација била Хрватска. Оваа заплена претставува дел од пошироките активности за спречување на шверцот на дрога преку хрватските пристаништа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран