ПРВ.мк

Лудо или прифатливо? Ова се цените во Грција – еве што ве очекува доколку планирате одмор во Грција ова лето

Лудо или прифатливо? Ова се цените во Грција – еве што ве очекува доколку планирате одмор во Грција ова лето
Jumbo Banner

Летување во Грција 2025: Цените растат, но со добра организација сè уште е можно пристапно патување

Ако планирате летување во Грција во 2025 година, добро е навреме да се информирате за цените на популарните дестинации како Халкидики, Паралија, Лептокарија и Крит. Иако Грција останува омилена летна дестинација и за македонските и за српските туристи, дел од цените можат да изненадат, особено во шпицот на сезоната.

На пазарот во Неа Муданија, еден од главните градови на Халкидики, цените на основните прехранбени производи значително варираат. Јајце чини околу 0,35 евра, зелена салата 0,50 евра, млад кромид 0,70 евра, додека килограм домати се продава за 1,25 евра. Тиквичките се меѓу поевтините производи – околу 0,50 евра, но килограм грашок достигнува дури 3 евра.

Кога станува збор за овошје, цените се нешто повисоки: јагоди се продаваат за 2,5 евра по килограм, крушите за 1,5 евра, црвениот грав за 3,3 евра, додека белиот достигнува и до 7,5 евра по килограм. Свежа риба на пазарот чини околу 10 евра по парче, без обработка или подготовка.

Најприфатлив оброк сè уште останува популарниот гирос – во Неа Муданија се движи од 3,2 до 4,5 евра, додека во ресторани порција може да достигне и до 9–10 евра. Пица чини околу 12 евра, а кафе – зависно од локацијата – е меѓу 2 и 3 евра.

Слични цени има и во Полихроно и Пефкохори, додека во Лептокарија и Паралија цените се нешто пониски, особено надвор од главната туристичка сезона. На јужните дестинации како Крит или Миконос, цените се значително повисоки, како во маркетите, така и во угостителските објекти.

Кога станува збор за сместување, во јуни може да се најдат апартмани по цени од 30 до 40 евра по ноќевање, но во јули и август истите достигнуваат и до 80–100 евра. Луксузните апартмани и вили со базен или поглед кон морето чинат од 250 до 300 евра за една ноќ.

За македонските семејства кои планираат летен одмор, се препорачува навремено планирање и резервација. Иако Грција повеќе не е „евтина“ како во минатото, со добра организација и избрани термини, таа и натаму останува достапна и привлечна дестинација за одмор.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран