ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Вечна слава за Љубиша Аранѓеловиќ – херојот од Диво Насеље

Ѓорѓиевски: Вечна слава за Љубиша Аранѓеловиќ – херојот од Диво Насеље
Jumbo Banner

Со силна емотивна порака и длабоко чувство на почит, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска им оддаде чест на паднатите херои од настаните во Диво Насеље, посебно потсетувајќи на херојството на Љубиша Аранѓеловиќ, припадник на Единицата за брзо распоредување, кој го загуби животот бранејќи ја Македонија.

Свечена церемонија се одржа пред спомен-бистата на Аранѓеловиќ, поставена минатата година во негова чест. На настанот присуствуваа и неговото семејство, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, колеги од ЕБР и претставници од Синдикатот на полицијата.

„Тој го даде својот живот за нашата безбедност, за нашата татковина. Тоа е жртва која никогаш нема да ја заборавиме. Бистата што ја поставивме е симбол на нашата благодарност, но и историски потсетник за времињата на искушенија низ кои помина Македонија,“ истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот нагласи дека должност на сите е да го чуваме споменот на ваквите херои, да го пренесуваме нивното дело на идните генерации и да ги негуваме вредностите за кои тие се бореа.

Ѓорѓиевски заврши со зборови полни емоција: „Љубиша остави семејство и внуци кои никогаш нема да го запознаат, но ќе знаат дека нивниот татко и дедо бил херој кој никогаш не ја изневери татковината. Вечна ти слава брате, и нека им е вечен спомен на сите македонски синови кои животот го положија пред олтарот на татковината.“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран