ПРВ.мк

Малолетничка од Скопје од дома зела 25.000 евра за да им даде на соученици кои ѝ се заканувале.

Малолетничка од Скопје од дома зела 25.000 евра за да им даде на соученици кои ѝ се заканувале.
Jumbo Banner

Денеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.

Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран