Последните денови има сè повеќе кафеаво-зелени наслаги на површината на морето по должината на солунскиот брег. Станува збор за нагло размножување на фитопланктони, ситни организми кои природно живеат во морето, но поради високите температури, ветровите и зголеменото количество хранливи материи во водата, се развиваат во многу поголем број од вообичаено.
Поради тоа, на површината на морето се создава маса со непријатен мирис, која моментално е видлива долж голем дел од брегот на Солун, пренесува порталот grckainfo.official на својот Инстаграм профил.
Белешка: Оваа појава не е опасна, но изгледа непријатно и често предизвикува коментари кај минувачите и туристите.
На жителите на Солун оваа појава им е добро позната, бидејќи се појавува речиси секоја година кога ќе настапат високи температури и специфични временски услови.










