По повод одбележувањето на големиот јубилеј – 90 години од патрониот празник на ООУ „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев и бројни делегации положија свежо цвеќе во чест на патронот и провоборец, чие име гордо го носи ова училиште.

Со овој свечен чин, локалната самоуправа и граѓаните оддадоа длабока почит кон неговото историско дело и несебична жртва.
Инспирација за идните генерации: Негувањето на вредностите како што се слободата, храброста и патриотизмот остануваат трајна инспирација и водилка за младите генерации кои се образуваат и растат под покривот на ова реномирано училиште.







