Албанскиот премиер Еди Рама повторно го шокираше светот со својот гест – клечење пред италијанската премиерка Џорџа Мелони, овој пат за време на Конференцијата за обнова на Украина што денеска се одржа во Рим.
Додека лидерите се редеа за поздрав со домаќинката Мелони, Рама се појави и – наместо стандардно ракување – најпрво клекна на едно колено, потоа стана, се поздрави и кратко разговараше со неа, пред да позираат за заедничка фотографија.
Ова не е прв ваков потег од страна на Рама – слично направи и на Самитот во Тирана во мај, како и на роденденот на Мелони во јануари, кога ѝ пееше „Среќен роденден“ и ѝ подари марама.
Гестот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и медиуми – некои го сметаат за шармантен и симболичен чин на почит, други го критикуваат како непримерен театар и дипломатски непотребен спектакл.
Провокативен или симпатичен – Рама повторно успеа да биде тема број еден на меѓународната сцена.
ВИДЕО