31-годишен маж со иницијали О.К. е пронајден мртов во притворските простории на Полициската станица во Калесија, БиХ, само ден по неговото апсење за семејно насилство.
Полицијата интервенирала по пријава за насилство во семејството и утврдила дека мажот бил под дејство на алкохол. Тој бил приведен и му била изречена итна заштитна мерка од Општинскиот суд.
Следното утро, во 7:33 часот, полицијата забележала дека О.К. не дава знаци на живот. Медицинската екипа пристигнала на лице место и ја потврдила смртта, при што не биле забележани надворешни повреди или траги од насилство.
Обвинителот наредил обдукција за утврдување на точната причина за смртта, а истрагата продолжува под негов надзор.
















