Регионалната музичка сцена денеска остана без едно од своите највлијателни имиња. На 66-годишна возраст почина Љиљана Јорговановиќ – текстописец чиј потпис стои зад десетици легендарни балкански хитови.
Јорговановиќ остави длабока трага во поп и народната музика, со песни што станаа вечни. Меѓу најпознатите се „Ноћ ми те дугује“ на Здравко Чолиќ, „Славија“ на Џеј, „Тридесете“ на Северина, „Оловни војник“ на Жељко Јоксимовиќ и „Забрањени град“ на Цеца, како и многу други композиции што ја одбележаа изминатата деценија.
Пред да се посвети на музиката, таа работела како новинар во „Студент“, а потоа продолжила со пишување колумни, секогаш задржувајќи го својот препознатлив стил. Во Србија беше позната и по блиското пријателство со Марина Туцковиќ, со која заедно создадоа неверојатен творечки бран – текстови за четири албуми во само еден месец.
Заминувањето на Јорговановиќ претставува голем губиток за целиот регион, бидејќи зад себе остави музичко богатство што ќе живее уште многу генерации.
















