ПРВ.мк
Свет

ГРОЗОМОРЕН НАПАД: Мигранти силувале девојка (18) пред очите на нејзиниот вереник - еве ги деталите!

ГРОЗОМОРЕН НАПАД: Мигранти силувале девојка (18) пред очите на нејзиниот вереник - еве ги деталите!
Kristal

Млада двојка била брутално нападната во паркот Тор Тре Тесте во Рим. 18-годишната девојка била силувана пред 24-годишниот вереник, кој бил принуден да гледа.

Полицијата досега уапси тројца осомничени марокански државјани, додека по уште двајца се трага. Нападот се случил на 25 октомври, а тројцата уапсени биле обвинети за групно силување и грабеж. Еден од нив бил уапсен во Венеција, додека другите двајца веднаш по нападот, благодарение на информациите од жртвите.

Истражителите веруваат дека вкупно пет лица учествувале во нападот. Сведочењата на двојката биле делумно нејасни поради траумата, но отпечатоците од прсти на скршениот прозорец на автомобилот потврдуваат вмешаност на тројцата уапсени.

Во таа кобна ноќ, двојката се повлекла во темен агол од паркот, мислејќи дека се безбедни. Но, тишината била прекината од звукот на кршење стакло. Напаѓачите прво го извлекле момчето од автомобилот, а потоа ја силувале девојката додека другиот ја држел. Во еден момент, нападателите се исплашиле и избегале.

Двојката веднаш повикала помош и поднела пријава во полиција. Истрагата сè уште не е завршена, потврдуваат од истражниот тим.

Escape