ПРВ.мк
Македонија

Потресни податоци: Еве што ги приморува жртвите на насилство да бараат кредити и позајмици!

Потресни податоци: Еве што ги приморува жртвите на насилство да бараат кредити и позајмици!
Kristal

Жените кои бегаат од насилни заедници не се соочуваат само со трауми – туку и со сурова економска борба. Според податоците на Здружението ЕСЕ, огромни 80% од жените биле спречени да работат од насилниот партнер, а 42% ги изгубиле работните места како директна последица од насилството.

Овие податоци доаѓаат токму на денот кога започнува глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која трае од 25 ноември до 10 декември.

Од ЕСЕ предупредуваат дека економската несигурност е една од најтешките последици од насилството – последица што често останува невидлива.

„Насилството не завршува со напуштањето на домот. Тогаш започнува борбата за опстанок“, велат од здружението. Жените што заминале од насилниот дом мораат да се справуваат со високи здравствени трошоци – лекови, прегледи, хоспитализации, најчесто плаќани приватно поради недостапни јавни услуги.

Но најтешко од сè: над 90% од жените мораат да земат кредити или позајмици од роднини за да преживеат во првите месеци.

Трошоците за ново сместување – кирија, сметки, основен мебел и секојдневни потреби – ја прават ситуацијата речиси невозможна без финансиска поддршка.

Дополнителен товар е и издршката за децата. Според анализата на ЕСЕ:

  • во над 50% од случаите издршката што ја одредува судот не ги покрива реалните трошоци,
  • 70% од жените добиваат ненавремена, делумна или потполно неплатена издршка,
  • многу жени избегнуваат да бараат наплата поради страв од одмазда или долги и скапи постапки.

Тоа значи дека во најкритичниот период – мајките сами ги издржуваат децата, без помош од државата и без поддршка од насилникот.

ЕСЕ предлага сериозни системски промени: финансиска поддршка за жените во првите 6–12 месеци по напуштањето на насилниот дом, олеснет пристап до вработување и преквалификација, како и функционален систем за наплата на издршката.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK