ПРВ.мк
Македонија

Голем пожар во фирма во Скопје - ова се деталите!

Голем пожар во фирма во Скопје - ова се деталите!
Kristal

Сериозен пожар избувна синоќа во менза на фирма во скопско Визбегово, при што сопственикот на компанијата заврши во болница поради вдишување чад.

Според информациите од полицијата, огнот избувнал околу 22:10 часот во објект во село Визбегово. Сопственикот, 44-годишниот Ж.В. од Скопје, прв го забележал пожарот и веднаш се обидел сам да го изгасне за да спречи поголема материјална штета.

Иако успеал да го стави огнот под контрола, за време на интервенцијата вдишал значителна количина чад и бил принуден да побара медицинска помош. Тој е хоспитализиран на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му е укажана соодветна нега.

Случајот бил пријавен во полиција околу 23:50 часот. Причините за пожарот сè уште се истражуваат.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK