Со доаѓањето на празниците, почнува и најслатката мака – што да се подари за Сикрет Санта? Понекогаш воопшто не ја познаваме личноста на која ѝ подаруваме, а буџетот речиси секогаш е ограничен. Токму затоа, најдобро е да се одлучиме за нешто практично, забавно или празнично – подароци што секој може да ги искористи и што сигурно ќе измамат насмевка.
За да ви ја олесниме потрагата, еве 10 евтини, но супер идеи за Сикрет Санта подароци:
- Миризлива свеќа – секогаш добар избор, ја носи празничната атмосфера.
- Книга со божиќна содржина – топ избор за љубителите на читање.
- Маска за телефон со божиќен дезен – практично и весело.
- Платнена торба со празничен принт – корисна за сите.
- Божиќни папучи – удобност што секој ја сака.
- Божиќен накит – мала, симпатична празнична нота.
- Термос – идеален за кафе, чај и работни денови.
- Мала друштвена игра – подарок што обединува.
- Декоративни перничиња – одлични за празнично разубавување на домот.
- Меко кебе – најтопол избор за зимските вечери.
Овие подароци се евтини, практични и совршени за секого – точно она што ви треба за успешен Сикрет Санта!















