Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека породилните надоместоци доцнат по 30 дена. Од институцијата велат дека исплатата е редовна и дека каснењето, доколку го има, не доаѓа од Фондот – туку од работодавачите.
Ирфан Лимани, директор на Секторот за комуникации во ФЗО, објасни дека исплатите не се вршат во еден ден, туку во континуитет низ целиот месец.
„Не постои можност Фондот да доцни 30 дена. Ако има поместување, тоа е затоа што работодавачот доцни со пријава или со исплата на плата“, појаснува Лимани.
Процесот функционира вака:
- работодавачот прво исплаќа плата,
- потоа УЈП доставува податоци за платените придонеси до ФЗО,
- ФЗО ги обработува информациите и ги праќа назад во УЈП за подготовка на МПИН,
- и дури потоа започнува континуираната исплата на породилните надоместоци.
Најголем дел од исплатите, велат од Фондот, се реализираат од 10-ти до 20-ти во месецот, без задоцнување од нивна страна.















