Силно невреме ја погоди бугарската крајбрежна дестинација Елените на Црното Море, при што загинаа три лица – еден граѓанин и двајца спасувачи, соопшти министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов. Загинатиот граѓанин бил затекнат во соба на приземјето на неговата куќа кога го зафати првиот голем бран.
Министерот апелираше до граѓаните да ги следат наредбите за евакуација и истакна дека точниот број на лица кои сè уште не се евакуирани не е познат. Шест жени, меѓу кои три полски државјанки, беа евакуирани, додека спасувачки екипи и нуркачи се на терен за справување со последиците од поплавите.
Градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, прогласи делумна вонредна состојба до 6 октомври, откако над 250 литри дожд на квадратен метар наврнаа во рок од 12 часа. Поплавите предизвикаа урнат мост во Черници и превртување на пет брода во рибарското пристаниште Крајморје, додека локалните власти ја ограничуваат сообраќајната подвижност и апелираат до граѓаните да останат дома.