ПРВ.мк
Балкан

Разбиена најголемата мрежа за трговија со луѓе и проституција во Албанија – приведени 48 жени

Разбиена најголемата мрежа за трговија со луѓе и проституција во Албанија – приведени 48 жени

Во Тирана албанските обвинителни власти разбија најголема мрежа за проституција во земјата, при што беа приведени 48 жени од различни националности, жртви на трговија со луѓе и присилна проституција.

Главен организатор на групата бил Лукас Бетанкур (25) од Колумбија, кој веќе е уапсен во својата матична земја. Според истрагата, тој регрутирал девојки од Латинска Америка, организирал нивно патување кон Албанија и сместување во Тирана, каде биле принудувани на проституција. Девојките биле држани насилно, а нивните семејства заплашувани доколку се обидат да избегаат.

Во Тирана мрежата ја водел албанскиот државјанин Дритан Сукај, додека Асел Адришева и Кејвин Ндреу биле задолжени за контрола на неколку девојки од Казахстан. Друг член на групата, Денис Бериша, ги дрогирал жртвите и им обезбедувал клиенти.

Дел од заработката од криминалните активности бил инвестирана во криптовалути на сметки на Бетанкур, а активностите се одвивале во хотел сопственост на Илир Гугаши на улицата „Решит Чолаку“ во Тирана.

Албанските власти ја оценуваат акцијата како најголема досега во борбата против трговијата со луѓе и проституцијата. Минатата година беа уапсени и неколку кинески државјани под слични обвиненија.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape