ПРВ.мк
Македонија

Мраз и снег во октомври: Измерени минусни температури во повеќе градови

Мраз и снег во октомври: Измерени минусни температури во повеќе градови

Во последните 24 часа најмногу дожд, 3 литри на квадратен метар, наврна во Ѓуриште, а по еден литар се измерени во Скопје-Петровец, Виница и Демир Капија. Најголема снежна покривка има на Попова Шапка со 10 сантиметри, во Маврови Анови 5, а во Ѓуриште 1 сантиметар.

Утрово најстудено беше на Попова Шапка со –4 степени, додека најтопло беше во Гевгелија со 8 степени. Во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево температурите се спуштија до –2, а во Тетово, Охрид и Претор се измерени 0 степени.

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 8 до 15 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и максимална температура до 12 степени.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape