ПРВ.мк
Македонија

ЦАРИНИЦИТЕ ПОВТОРНО СО ГОЛЕМА ЗАПЛЕНА: На Табановце пронајдени 200.000 непријавени евра

ЦАРИНИЦИТЕ ПОВТОРНО СО ГОЛЕМА ЗАПЛЕНА: На Табановце пронајдени 200.000 непријавени евра

Мобилните тимови на Царинската управа спречиле обид за нелегално внесување на 200.000 евра во државата на граничниот премин Табановце.

Станува збор за унгарски државјанин кој при влез во Македонија не ги пријавил девизните средства кај царинските службеници. Поради сомнеж, неговото возило било селектирано за детален преглед.

При контролата, цариниците на повеќе места откриле поголеми суми пари. Во црна платнена торбичка сместена во ташна помеѓу менувачот биле пронајдени 65.000 евра. Во ранец на задното седиште, во друга торбичка покриена со компјутер, биле откриени уште 37.650 евра.

Прегледот продолжил, а во куфер на задното седиште, меѓу гардеробата, цариниците пронашле уште една црна торбичка во која имало 97.350 евра.

Вкупно биле откриени 200.000 евра непријавени девизни средства. На патникот му биле вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека преостанатите 190.000 евра биле задржани.

Против унгарскиот државјанин е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Ова следува по претходна акција во која биле запленети 500.000 евра, со што повторно во фокусот е работата на мобилните царински тимови.