ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ алармира: „Сите копаат ровови и се подготвуваат – војната е неизбежна“

Вучиќ алармира: „Сите копаат ровови и се подготвуваат – војната е неизбежна“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на отворањето на новата брза железничка пруга Белград – Суботица, испрати мрачна порака за глобалните случувања. Тој предупреди дека светот влегува во опасен период и дека сите големи сили веќе се подготвуваат за војна.

„Ќе биде сè потешко во светот, а и кај нас. Луѓето мора да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат, тоа значи дека таа и ќе се случи. Јас ви велам – ќе ја има,“ изјави Вучиќ, пренесува Telegraf.

Тој додаде дека глобалните сили веќе не се заинтересирани за разговори и дипломатија, туку исклучиво за конфронтација: „Не ги интересираат разговори и преговори. Ги копаат своите ровови и го чекаат почетокот.“

Оваа изјава доаѓа во момент на засилени геополитички тензии, кога Србија, според Вучиќ, мора да биде подготвена за сите можни сценарија.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape