Македонската опера и балет свечено ја отвори новата концертна сезона со еден од највеличествените бисери на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Под диригентската палка на маестро Џанлука Мартиненги, македонската публика имаше ретка можност да ужива во изведба која ја отслика генијалноста, длабочината и духовната сила на ова безвременско ремек-дело.

Извонредните солисти заедно со оркестарот и хорот на МОБ создадоа незаборавна атмосфера, која ја обележа свечената премиера на сезоната.

Министерот ја поздрави оваа музичка манифестација, истакнувајќи дека отворањето со Моцартовиот „Реквием“ е силен симбол за уметноста и културата во Македонија и им посака успешна, богата и инспиративна сезона на сите уметници.





