Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода 49-годишниот С.А. од Скопје, кој бил баран со судска потерница.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, потерницата била издадена по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од една и пол година.
Според МВР, лицето е осудено за кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик.
По приведувањето, С.А. ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа каде што ќе ја издржува изречената затворска казна.







