ПРВ.мк
Свет

Смртна казна за Фејсбук статус: Тунис во шок по историска пресуда - еве што имал тој напишано

Смртна казна за Фејсбук статус: Тунис во шок по историска пресуда - еве што имал тој напишано

Во Тунис се случи преседан кој ја потресе јавноста и предизвика жестоки реакции – 56-годишниот Сабер Чушан беше осуден на смртна казна само поради неколку објави на Facebook во кои го критикувал претседателот Каис Саид.

Чушан, кој работел сезонски и имал ограничено образование, беше уапсен минатата година. Неговиот адвокат изјави дека ваква пресуда е невидена и шокантна, додавајќи дека веднаш е поднесена жалба. Министерството за правда сè уште молчи за случајот.

Иако смртни казни формално постојат во Тунис, ниту една не е извршена повеќе од триесет години. Тоа ја прави оваа одлука уште поскандалозна. Семејството на Чушан вели дека е во неверување – според неговиот брат Џамал, на сиромаштијата сега ѝ се придодале угнетување и неправда.

Пресудата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и остри критики од активистите, кои предупредуваат дека се работи за обид да се замолчат критичарите на претседателот. Организациите за човекови права одамна предупредуваат дека со распуштањето на парламентот и владеењето со декрети, Каис Саид ја задушува слободата на изразување и ја руши независноста на судството.

Опозицијата веќе го нарече ова продолжение на државниот удар, а голем број нејзини лидери се зад решетки под разни обвиненија. Случајот со Чушан сега дополнително го вжештува политичкиот амбиент во земјата и ја става под прашање иднината на демократијата во Тунис. 

Во објавата се наведува дека тој споделувал информации, честопати копирани или пренесени од други страни, а некои од нив имале мал досег и не предизвикале поголема интеракција. Тој тврдел дека неговата намера не била да турка немири, туку да го привлече вниманието на властите кон неговите тешки животни услови. 

Escape