ПРВ.мк
Балкан

Путин откри шокантна тајна-еве што навистина се случува во Србија

Путин откри шокантна тајна-еве што навистина се случува во Србија

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека западните земји се обидуваат да предизвикаат обоена револуција во Србија, наводно насочена кон младите, кои според него не се целосно свесни за историската позадина и можните последици. На состанокот на Дискусиониот клуб „Валдај“ во Сочи, Путин истакна дека ваквите обиди се нелегални и неуставни, и дека решенијата секогаш треба да се бараат во рамките на законот и Уставот.

Путин ја потврди согласноста со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и истакна дека западните центри ја поттикнуваат младината на улица со цел продолжување на страдањата на српскиот народ. Рускиот лидер ги повика младите во Србија да останат патриоти и да се води дијалог со нив.

Во однос на Украина, Путин повтори дека Русија не води војна против самата Украина, туку против целиот НАТО-сојуз, нагласувајќи дека Русија располага со сопствено оружје, додека на украинската страна се присутни западна техника и инструктори од земјите членки на НАТО кои „директно учествуваат во борбите“. Според него, режимот во Киев на крајот ќе мора да седне на преговарачка маса.

Во контекст на Блискиот Исток, Путин изрази подготвеност да го поддржи мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, доколку навистина доведе до создавање палестинска држава, оценувајќи ја ситуацијата во енклавата како „навистина катастрофална“.

Кон Европската Унија, Путин оцени дека интеграцијата првично имала економски карактер, но денес покажува знаци на опаѓање „поради губење на заедничките вредности под влијание на миграциските текови“.

Escape