ПРВ.мк
Балкан

40 сантиметри снег, прогласена вонредна состојба во повеќе општини

40 сантиметри снег, прогласена вонредна состојба во повеќе општини

Србија се соочува со необично обилни снежни врнежи, при што на Копаоник е измерен рекорден снег од 40 сантиметри, а врнежите продолжуваат. Дежурниот метеоролог извести дека температурата на планината е -4 степени Целзиусови, со ветер од 4 до 8 метри во секунда, додека на највисоките врвови се очекува снежна покривка од над половина метар.

Поради екстремните услови, четири српски општини – Медвеѓа, Ивањица, Ариље и Нова Варош – прогласија вонредна состојба. Јужните и централните региони се под црвено метео предупредување, а на пониските предели се очекуваат над 100 литри дожд по квадратен метар.

Снежните врнежи веќе предизвикаа паднати дрвја на некои патишта, што создава опасност за сообраќајот, а во делови од Голија и општината Брус има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Метеоролозите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата додека времето не се стабилизира.

Escape