ПРВ.мк
Свет

Еве која европска престолнина,станува база за руските шпиони

Еве која европска престолнина,станува база за руските шпиони

Во последните две години бројот на руски дипломати во Австрија порасна на над 500, од кои половина се занимаваат со шпионажа. Тие делуваат од околу 40 згради во Виена, опремени со надзорна технологија, и координираат саботажи, атентати и регрутирање низ Европа. Австриските служби откриле дека во земјата се внесуваат милиони евра кеш под дипломатска заштита, а потоа се користат за операции во ЕУ.

Скандалите со шпионажа ја тресат Австрија – од протерани руски дипломати и корумпирани разузнавачи, до новинари на ТАСС кои работеле за разузнавање. Истражувања покажуваат дека руската тајна служба дури криела експлозиви во конзерви на гробишта во Полска и Литванија.

НАТО ја прогласи Русија за главна закана за евроатлантската безбедност, а европските земји алармираат дека „живееме без мир“, со секојдневни сајбер напади, саботажи и закани организирани од Москва.

Escape