ПРВ.мк
Свет

Еве го целиот план на Трамп за Газа во 20 точки – што точно предвидува:

Еве го целиот план на Трамп за Газа во 20 точки – што точно предвидува:
  • Дерадикализација на Газа – Газа станува зона без тероризам и закани.
  • Реконструкција на Газа – Обнова за добробит на граѓаните.
  • Итен прекин на огнот – Веднаш престанок на војната доколку двете страни го прифатат.
  • Ослободување на сите заложници – Во рок од 72 часа од прифаќањето на договорот.
  • Ослободување на палестински затвореници – Вклучува 1.950 лица, вклучувајќи жени и деца.
  • Разоружување на Хамас – Амнестија за членовите кои се предадат и безбедно заминување за оние што сакаат.
  • Доставување помош – Реконструкција на инфраструктура, болници, пекари и отстранување на урнатини.
  • Распределба на помош – Преку ОН, Црвен полумесец и независни институции.
  • Управување на Газа – Привремена транзициска власт, „Одбор за мир“ предводен од Трамп и други шефови на држави.
  • Економски план – Развој со помош на експерти за модерни градови.
  • Економска зона – Преферирани тарифи и пристапни услови за меѓународна трговија.
  • Без присилно раселување – Секој кој сака може да замине или да се врати.
  • Исклучување на Хамас – Без улога во управување, уништување на војнички инфраструктури.
  • Гаранција – Регионални партнери гарантираат дека новата Газа нема да претставува закана.
  • Меѓународна стабилизациона сила (ИСФ) – Обука на проверени палестински полицајци.
  • Нема анексија на Газа – Израел се повлекува според договорените стандарди.
  • План ако Хамас го одбие договорот – Засилена операција за помош и демилитаризација.
  • Меѓурелигиски дијалог – Промена на мислења преку толеранција и мирно коегзистирање.
  • Пат кон државноста – Создавање услови за кредибилен пат кон палестинско самоопределување.
  • Израелско-палестински дијалог – Долгорочен политички договор за мирно и просперитетно коегзистирање.
Escape