ПРВ.мк
Свет

Зеленски објави шокантно видео од рускиот напад врз патнички воз

Зеленски објави шокантно видео од рускиот напад врз патнички воз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимка која прикажува последиците од нападот со руски беспилотни летала врз железничката станица во Шостка, Сумска област. Во моментот на нападот, на станицата биле присутни вработени во „Укрзализницја“ и цивили, што го прави овој напад особено суров.

На видеото се гледа голема материјална штета и хаотични сцени по експлозиите. Зеленски оцени дека станува збор за намерен терористички чин, истакнувајќи: „Русите не можеле да не знаат дека целта им се цивили. Ова е терор што светот нема право да го игнорира.“

Според извештаите, најмалку 30 лица се повредени, а екипите за итни случаи продолжуваат со спасувачките операции и помош на местото на настанот.

Escape