ПРВ.мк
Магазин

Млади под закана: Првите тајни знаци на висок крвен притисок што не смеете да ги игнорирате

Млади под закана: Првите тајни знаци на висок крвен притисок што не смеете да ги игнорирате

Високиот крвен притисок повеќе не е проблем само за постарите – сè повеќе млади под 40 години се погодени. Стресот, нездравата исхрана, недостигот од движење и генетските фактори го зголемуваат ризикот, а често симптомите се „тивки“ и незабележливи.

Првите знаци кои треба да ги следите се: главоболки наутро, вртоглавица, замор, замаглен вид, пулсирање во ушите или градите, отежнато дишење и нерегуларен срцев ритам. Тие можат да се појават постепено или одеднаш и често се предизвикани од стрес или физичка активност.

Модерниот живот носи ризици: дебелина, седење со часови, прекумерна сол, цигари, алкохол и психолошки стрес го зголемуваат ризикот од хипертензија. Ако се занемари, последиците можат да бидат сериозни – предвремени срцеви или мозочни удари, хронични оштетувања на срцето и бубрезите, нарушување на меморијата и видот.

Секој млад човек кој забележува чести главоболки, замор, проблеми со видот или невообичаено чукање на срцето треба веднаш да се јави кај лекар. Редовното мерење на крвниот притисок, здрава исхрана, физичка активност и избегнување на стрес се најдобрата превенција.

Escape