Францускиот фоторепортер Антони Лаликан загина додека ја следеше украинската армија на фронтот, како резултат на руски напад со дрон, објави претседателот Емануел Макрон.
„Нашиот сонародник ја следеше украинската армија на фронтот на отпорот. Со длабока тага дознав за неговата смрт, жртва на руски напад со дрон“, напиша Макрон, додавајќи дека им оддава почит на сите кои го ризикуваат својот живот за да информираат и сведочат за реалноста на војната.
Претседателот изрази искрено сочувство до семејството на Лаликан, подвлекувајќи ја храброста и посветеноста на новинарите на бојното поле.