Обилни врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во соседството. Во општина Царево е прогласена вонредна состојба, додека во Бургас е воведена делумна вонредна состојба.
Регистрирани се 220 литри дожд на метар квадратен во Царево. Поради чистење, автопатот Хемус е привремено затворен во двата правци. Десетици населени места во Северозападна Бугарија останаа без електрична енергија, а во тек е евакуација на граѓани во повеќе општини.